< назад

Берат Јакупи златен, Жарко Арсовски со бронза на Медитеранските игри

Берат Јакупи го донесе првиот златен медал за Македонија на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија, откако во големото финале во категоријата до 84кг. поради прв освоен поен го совлада Французинот Џеси да Коста. На патот до финалето Јакупи ги совлада Мерис Меховиќ од Босна и Херцеговина, Мартина Микеле од Италија и Дејан Цвркота од Србија.

Вториот медал за Македонија денеска, го донесе Жарко Арсовски кој во тешка категорија во борбата за бронзата поради прв освоен поен го совлада Симоне Марино од Италија. Претходно во главната фаза во 1. коло Арсовски беше подобар од Фелипе Рејс од Португалија, а во ½ финалето загуби од Хошине Даики од Алжир.

Каратистите на Македонија настапот на Медитеранските игри во Тарагона го завршуваат со 3 освоени медали, едно злато и две бронзи.