< назад

Берат Јакупи во финале на Премиер лигата во Истанбул

Берат Јакупи се пласираше во финалето во категоријата до 84кг. на Премиер лигата во Истанбул, Турција. Каратистот на Македонија во ½ финалето во неизвесна борба по судиско изјаснување го совлада Иранецот Забиола Поршаб. Претходно Јакупи во првите две кола беше убедлив против Французинот Меди Сесина со 7-2 и Мерис Муховиќ од Босна и Херцеговина со 7-1. Во 3. своја борба го победи Турчинот Угур Акташ со 2-0, а со истиот резултат во ¼ финалето беше подобар од Пабло Запата Аренас од Шпанија. Во големото финале кое е на програмата утре Јакупи ќе се сретне со Махди Кодабакши од Иран.

Останатите претставници на Македонија, својот настап го завршија во 1. круг. Петар Спасеновски во -84кг. загуби од Али Фадакар од Иран со 2-0, Моника Стефановска во -68 беше поразена од Австралијката Ребека Саливан со 5-0, а Мартин Несторовски од Белорусинот Алексеј Водчитс со 4-1.