< назад

Балканско првенство за сениори и деца од 11-14 години

Балканско првенство за сениори и деца од 11-14 години се одржа од 16-18. март 2012 во Херцег Нови Црна Гора. На ова првенство учествуваа 98 натпреварувачи од Македонија. Македонските каратисти освоија 7 златни, 6 сребрени и 8 бронзени. Во генерален пласман македонската репрезентација го освои третото место во конкуренција од 12 држави, веднаш зад Турција и Србија. Карактеристично за ова првенство е што се приклучија уште три држави Словенија, Хрватска и Унгарија. Исто така како судии беа повикани да судат судии со светска лиценца. Самото тоа ја зголеми конкуренцијата и квалитетот на првенството.