< назад

7 медали од Балканското првенство за деца

На Балканското првенство за деца што оваа година се одржа од 25 до 28 мај во Бар, Црна Гора нашата репрезентација успеа да освои 7 медали од кои 3 сребрени и 4 бронзени.

Сребрени медали освоија: во категоријата -35 кг машки до 10 години Муареми Ајан со (4 победи и 1 пораз), во категоријата + 50 кг машки до 11 години Камбери Јасин со (3 победи и 1 пораз), додека нашиот женски ката тим (Димитриева, Ѓоргиева, Златковска) 10-11 години исто така го освои сребрениот медал.

Бронзени медали освоија: во категоријата борби + 50 кг женски до 12 години Мила Николова со (4 победи и 1 пораз), во категоријата кати до 11 години Тодор Сутинов, во категоријата кати до 11 години Верон Дервиши како и женскиот ката тим (Грозданоска, Којческа, Минговска) 12-13 години исто така го освоија бронзениот медал.

Нашата репрезентација настапи со 102 каратисти, со вкупно 108 пријави по категории. На ова Балканско првенство учествуваат 1345 каратисти со вкупно 1426 пријави од 11 држави.